2016-03-16 15:14:33

Međunarodni dan materinjeg jezika 2016.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик 2016.

„Зборувај ми на својот јазик„

           

            Во саботата на 27.2.2016. година во 12 часот го одбележавме  Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со приредбата  „ Зборувај ми на својот јазик„ на која учествуваа ученици кои посетуваат настава на албански, босански, чешки, македонски и унгарски јазик во градот Загреб и Велика Горица.

На приредбата беа и сите учителки, како и нашата учителка Деспина.

            Приредбата се одржа во Чешкиот народен дом. Прво се претставија сите учителки и училишта, а потоа учениците продолжија со својот програм.

Кристијан и Елена учествуваа во заедничкиот игроказ како се гласаат животните на различни јазици, а Лути и јас ја читавме Црвенкапа на македонски.

Имаше многу деца и родители, а дојдоа да не гледаат и претставници од Амбасадата на Република Македонија и претставници од Советот на македонското национално малцинство на град Загреб.

На крајот добивме дипломи и се почастивме со колачи и сокови.

Уживав затоа што слушав други јазици и сретнав многу деца.

Борут Патчев, 4 одделение

 

Меѓународен ден на мајчиниот јазик 2016.


Osnovna škola Augusta Harambašića Zagreb